Свет Европа Франција бара строги контроли на Шенген-зоната и за граѓаните од ЕУ

Франција бара строги контроли на Шенген-зоната и за граѓаните од ЕУ

Франција бара граѓаните на ЕУ што влегуваат во шенгенската зона да бидат подложени на истите строги проверки како и патниците што доаѓаат од земји надвор од Унијата, јавува „Би-Би-Си“.

Официјален Париз, исто така, бара да се поедностави постапката на размена на податоци за авионските патници за да се олесни откривањето на осомничените екстремисти.

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, допатува во Брисел на состанок со европските колеги и упати остра порака за потребата Европа да се заштити од напади.

– Ургентно е Европа да се разбуди, да се организира и да се одбрани од терористички закани – рече Казнев, додавајќи дека Европа мора да донесе одлуки против тероризмот „откако изгуби премногу време“.

Барањата се упатени откако е откриено дека организаторот на нападите во Париз, Абделхамид Абауд, стигнал во Франција од Сирија, а не бил забележан.