Забава (ФОТОГРАФИИ) Падна првата клапа од детската серија „5+фамилија“

(ФОТОГРАФИИ) Падна првата клапа од детската серија „5+фамилија“

Детска емисија 5+ фамилијата

На 11 ноември 2014 година во студиото на телевизија „Телма“, падна првата клапа на новата детска ТВ-серија „5+фамилија“.
Детската ТВ серија „5+фамилија“ е во продукција на ОХО, а се реализира во соработка со ТВ „Телма“ и со поддршка на Министерството за информатичко општество. На првата клапа од снимањето на серијата, покрај дел од екипата, присуствуваше и министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.
„5+фамилија“ е детска играна ТВ-серија, која е инспирирана од познатата детска емисија „5+“. Концептот е базиран на познатиот детски лик Петко, неговите пријатели, детективот Цветко и Комшо, и сите случки низ кои тие поминуваат.
Креативен директор на серијата е Пеце Талески, режисер е Игор Иванов – Изи, продуцент – Илија Тирицовски, директор на фотографија – Наум Доксевски, сценографијата е на Снежана Поњавиќ – Муча, костимографија на Андреј Ѓорѓиевски и монтажата –  на Шенол Мехмед.
Актерската екипа ја сочинуваат: Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Игор Ангелов, Сања Арсовска и Зоран Љутков. Во најголем број епизоди со конкретни улоги ќе гостуваат и познати личности, кои ќе служат како пример за децата со својата професија и успех кој го постигнале.
Музичката подлошка во серијата e збогатена со старите хитови на „5+“ продуцирани од Игор Поповски – Аудиохаус, како и со преработки на антологиски македонски песни од седумдесетите и од осумдесетите години на минатиот век, продуцирани од Мите Димовски, „Студио Тралала“, сѐ со цел да се пренесе вредното македонско музичко наследство на децата во Македонија.