Денот на вљубените вчера го прославија и дел од животните во скопската Зоолошка градина. Вработените од ЗОО Скопје се дружеа со жирафите и лемурите, а нашиот фото-репортер ја овековечи нивната дружба.
Редакцијата на Мета.мк искрено се надева дека вљубените синоќа си поминаа романтично на Валентајн, додека за оние што вчера го славеа Свети Трифун се надеваме дека утрово ќе им го разубави радоста на животните од ЗОО Скопје.