Забава „Фолтин“ со нов албум, „Пијан славеј“

„Фолтин“ со нов албум, „Пијан славеј“

Групата „Фолтин“ промовира нов албум, „Пијан славеј“, кој е во издание на Центар за култура-Битола.

За новиот албум, членовите на групата велат дека е со жанровска разноликост, но е задржан нивниот музички печат и препознатлив стил. „Ела си в кревет“, „Пијан славеј“, „Облаче“, „Слободната љубов“ се само дел од нумерите на овој албум, чија концертна промоција дополнително ќе биде најавена.

Досега „Фолтин“ ги издале албумите „Оutre mer“, „Аrchimed“, „Donkey hot“, „Lo-le taa-too“, „Penelope x“, заеднички проект со Никола Коџобашија и со Гоце Стефковски.