Почнува 12. Филозофски филмски фестивал

Фото: Филозофски Филмски Фестивал

Денес со почеток во 20.30 часот во Летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Северна Македонија со музички соло-перформанс на фронтменот на Фолтин, Бранислав Николов и со проекција на филмот „Додека трае војната“ (While at War, 2019) на Алехандро Аменабар со  започнува програмата на 12. Филозофскиот филмски фестивал.

Филмот „Додека трае војната“ е посветен на писателот и философ Мигуел де Унамуно, како и на настаните во Шпанија во 1936 година. Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез, шпански професор по философија.

Како увертира на филмот, свое излагање ќе има професорката Алисиа Вилар Ескудеро (Alicia Villar Escudero) од Папскиот универзитет Комилас во Мадрид, Шпанија, а свое обраќање со анализа на филмот ќе има и Серхио Фернандез (Sergio Fernandez), шпански професор по философија. Како и Ретроспективата на Буњуел, што се одржа од 19 до 27 мај, така и овој настан е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска – Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје.

Настанот е организиран во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Во свечениот дел од отворањето поздравни обраќања ќе имаат Ана Дишлиеска Митова, директорка на Фестивалот и Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје.

Во рамките на Главната програма која ќе трае од 1 до 9 јуни, публиката ќе може да погледне шест филмови во Ревијалната програма проследени со излагач за секој филм кој ќе развие и дискусија со публиката, пет филмови од долгометражната и шестнаесет филмови од краткометражната компетитивна програма.

Покрај тоа, публиката ќе може да гласа за својот омилен филм кој ќе биде во трка за наградата „Златен Був“. Во Придружната програма ќе се одржат и презентација на естетичко-филмолошко истражување од страна на м-р Васил Михаил (2 јуни, 12.00, Универзитет „Еуропа Прима“), промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (8 јуни, КИЦ) и уште еден музички настан (8 јуни, кафе-бар Мартини), каде што ќе настапи Андрија Хаџиќ (Funkier) од Србија.

Целосната програма со сите детали за филмовите и настаните е достапна на официјалната веб-страна на фестивалот.

Организатор на Филозофскиот филмски фестивал е Филозофското друштво на Македонија.