Хроника Физичка пресметка меѓу две лица во Арачиново

Физичка пресметка меѓу две лица во Арачиново

Вчера, околу 22.50 часот, во селото Арачиново, Ј.Б. (19), додека се движел со возило, патот му го попречило друго возило и од истото излегол Љ.М. (32), по што физички го нападнал со тупаници и со дршката од пиштол и му нанел телесни повреди.

Ј.Б. во еден момент успеал да се отргне и избегал, а Љ.М. истрелал неколку куршуми, оштетувајќи го неговото возило.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на осомничениот и за целосно расчистување на случајот.