Хроника Фирма од Василево осомничена за затајување данок

Фирма од Василево осомничена за затајување данок

Струмичката полиција поднела кривична пријава фирмата „Силвер – АС“ од Општина Василево и против В.М.(23) од Валандово, одговорно лице во фирмата, поради сомневање за даночно затајување и за фалсификување и за уништување деловни книги.

Како што информираат од полицијата, во март 2013 година, при извршена контрола од Упрвата за јавни приходи (УЈП) и Упрвата за финансиска полиција во „Силвер – АС“, било констатирано дека во изготвена пописна листа, лажно е прикажано постоење залиха на стока во фирмата, во износ од околу 2,5 милиони денари, а која при контролата не била пронајдена и бил утврден кусок за кој не е пресметан и наплатен пресонален данок во износ од 275.574 денари.

Исто така, според полицијата, во периодот од 2012 до 2014 година, фирмата на сметка покажала салдо од 856.280 денари, а во книговодствената евиденција не бил внесен остварениот промет поради што не бил пресметан и наплатен персонален данок од 93.133 денари.

Вкупната сума за која осомничените го оштетиле државниот буџет, според полицијата, изнесува 370.680 денари.