Македонија Финишираат преговорите околу последните детали за спорните прашања

Финишираат преговорите околу последните детали за спорните прашања

Почна средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино за решавање на спорните прашања.

Иако се очекуваше дека решението е на повидок, сепак, извори од работните групи за „Мета“ тврдат дека сè уште нема целосен договор за законот за влада и за законот за приватност (прислушувани материјали).

Оптимистичките прогнози велат дека, сепак, најдоцна до утре би требало да се имплементираат сите договорени прашања за кои партиите се обврзале на средбите во Пржино.

На средбата, освен стандардните претставници на политичките партии, присутен е и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.