Свет Европа Филмски грабеж во Кан, украден накит во вредност од 17,5 милиони евра

Филмски грабеж во Кан, украден накит во вредност од 17,5 милиони евра

Една недела пред почетокот на Канскиот филмски фестивал, ограбена е луксузната продавница „Картие“ во Кан, а однесен е накит и часовници во вредност од 17,5 милиони евра, соопштија извори блиски до полициската истрага.

Еден од ограбувачите носел маска на старица и имал пиштол, а кога упаднал во продавницата, им ја отворил вратата на двајцата соучесници, додека четвртиот крадец стражарел пред влезот на продавницата.

Во моментот на кражбата, во продавницата имало двајца продавачи и купувач.

Крадците побегнале со украден автомобил „мерцедес“, кој подоцна е пронајден во резидентниот дел на градот.

Француската полиција се обидува со помош на камерите од продавницата да ги идентификува крадците.