Македонија Филипче: Славите и празниците кои се пред нас да ги прославиме само...

Филипче: Славите и празниците кои се пред нас да ги прославиме само со најблиските

Венко Филипче | Фото: Арбнора Мехмети

Министерот за здравство Венко Филипче, по повод претстојните слави и празници, апелираше да се прослават во кругот на најблиските.

„Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Пандемијата со ковид-19 е во полн ек, а последните бројки говорат дека има 1.285 нови случаи, а 918 се хоспитализирани.