Македонија Филипче се сретна со сестрите од Инфективна клиника кои поднесоа отказ, ќе...

Филипче се сретна со сестрите од Инфективна клиника кои поднесоа отказ, ќе се бара решение да се вратат на работа

Mинистерот за здравство Венко Филипче се сретна со Зорица Љубичиќ Митиќ, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа трите медицински сестри од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, кои во текот на вчерашниот ден поднесоа откази до управата на Клиниката.
„Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во вака тешки услови, со многу стрес и замор разбирливо е да дојде до потреба за промена, за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа, повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се да ги мотивирам здравствените работници,“ истакна Филипче.