Македонија Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни...

Филипче очекува идната недела по скратена постапка да се усвојат предложените рестриктивни мерки

Фото: Арбнора Мемети

Предлозите од Комисијата за заразни болести за поригорозни мерки во вид на законски измени треба да бидат усвоени по скратена постапка во Собранието, заедно со владините уредби. Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Штип изјави дека очекува тоа да се случи веќе наредната недела.

„Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира, затоа што дел од уредбите, препораките за носењето на заштитната опрема на отворено се ставени заедно со уредбата што е во законска сила, која што беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба. Ова е најефикасниот и најдобриот начин кој ќе може да се контролира и да се спроведува“ изјави Филипче.

Во однос на недостатокот на медицински перосонал и болнички кревeти по наплив на пациенти со ковид-19, министерот кажа дека од стартот на пандемијата се применува принципот на ротација и тоа функционира во пракса.

„Сега навистина има голем притисок за прием на пациенти во болницата во Струмица. Во Куманово, во Охрид и во Битола има слободни места. Слободни места има во Гостивар. Почна да се полнат капацитетите во кавадаречката болница, каде вчера се примени двајца пацинети, има слободни 13 кревети. Лекарите се мобилизирани и можат да работат од едно во друго работно место“ рече Филипче.

На крајот на октомври се очекува почеток на вакцинирањето против сезонски грип, за што министерот Филипче соопшти дека има набавено 40.000 бесплатни вакцини, наменети за одредени категории на граѓани.