Македонија Филипче: Маски на отворено да се носат за да се спречи пренос...

Филипче: Маски на отворено да се носат за да се спречи пренос на вирусот и преку загадениот воздух

Фото: Арбнора Мехмети

Министерот за здравство Венко Филипче во видео-порака на неговиот фејсбук-профил објасни зошто е важно да се носат маски и на отворено.

„Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во група во којашто има носител на вирусот. Притоа и да го избегнеме штетното влијание на ПМ 10 честичките за кои има докази дека му овозможуваат на вирусот да патува подалеку од вообичаениот пат на флигиовата капка за време на зборувањето. Ова се аргументите кои по дискусијата со стручните лица, виролози, инфектолози ни укажаа дека сепак маски на отворено мора да се носат,“ вели тој во пораката.