Свет Фидел Кастро: Јас не им верувам на САД

Фидел Кастро: Јас не им верувам на САД

Кубанскиот лидер Фидел Кастро со соопштение се јави на националната телевизија и даде претпазлива поддршка за затоплувањето на односите со Соединетите Американски Држави.

„Секое решение постигнато преку преговори меѓу Соединетите Држави и секој народ од Латинска Америка би требало да биде третирано во согласност со меѓународните норми и принципи. Јас не им верувам на Соединетите Американски Држави, ниту сум разговарал со нив“, стои во соопштението.