Спорт ФИБА Европа одлучи да не ја признава АБА-лигата

ФИБА Европа одлучи да не ја признава АБА-лигата

Управниот одбор на европската кошаркарска организација (ФИБА Европа) на вчерашната седница донел одлука од наредната сезона да не ја признава АБА-лига.

„Признавањето на одредени лиги може да биде повлечено во случај лигата да не ги почитува барањата на ФИБА Европа, генералните статути и интерните правила на ФИБА. Јадранската лига не успеа да ги обезбеди потребните информации за неколку точки, на барање на ФИБА Европа и на ФИБА. За да не се наруши натпреварувањето, кое е во тек, и поради можни негативни ефекти за клубовите, донесена е одлука повлекувањето да стапи на сила на крајот од тековната сезона на јадранската лига“, стои во соопштението од 4. редовна седница на Управниот одбор на ФИБА Европа, објавено на интернет-страницата на кошаркарската организација.

Во АБА-лигата, како македонски претставник, настапува тимот на МЗТ Скопје Аеродром.