Македонија Фетаи го прочита старото обвинение за „Монструм“ и ги расплака роднините на...

Фетаи го прочита старото обвинение за „Монструм“ и ги расплака роднините на убиените

Со читање на старото обвинение за „Монструм“ почна повторениот судски процес за петкратното убиство кај Смилковскo Езеро.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека за овој случај ќе бидат приложени нови докази.

Деталите од обвинението, меѓу кои е и начинот на кој биле убиени четирите момчиња и рибарот, ги расплакаа роднините на убиените, кои седат во последниот ред во големата судница во Кривичниот суд и го следат судењето.

По читањето на обвинението судот почна со распит на обвинетите.