Култура Фестивалот „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни

Фестивалот „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни

Третото издание на филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија.

Фестивалот ќе се отвори со филм за „Крафтверк“, односно „Поп арт“, во традиција на претходните изданија кога фестивалот им оддаде почит на Дејвид Боуви и на Леонард Коен.

Фестивалот ќе заврши со портрет на Дејвид Боуви, преку неговите интервјуа и снимки за „Би-Би-Си“, вклучувајќи и негови настапи снимени во разни периоди од неговата кариера за овој национален сервис.