Свет Европа Фелон: Русија и Исламска држава се најголеми закани за мирот

Фелон: Русија и Исламска држава се најголеми закани за мирот

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, денеска изјави дека светот се наоѓа пред иста опасност како за време на Втората светска војна и оти заканата доаѓа од Русија и од Исламска држава.

Најавувајќи ги приоритетите за одбрана во наредните пет години, Фелон рече дека од суштинско значење е тоа што Велика Британија е подготвена да одговори на „идни истовремени кризи на неколку фронта“.

– Неверојатната прослава на 70-годишнината од Денот на победата потсети на триумфот на силите на слобода над силите на фашизмот. Не треба да се потсетуваме дека денес светот сè уште е исто толку опасно место. На Блискиот Исток, варварите (ИД) спроведуваа злосторство по злосторство, додека на работ од Европа, агресивната Русија, агитирајќи против Украина, ѝ се заканува на НАТО – рече Фелон.

Тој рече дека британската влада ќе направи сè што е во нејзина моќ за да се гарантира безбедноста и просперитетот на Британците.