Македонија Фејсбук-страницата на ОБСЕ Македонија хакирана

Фејсбук-страницата на ОБСЕ Македонија хакирана

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана , соопштија од оваа организација. Таа од вчера е преименувана и внесени се други содржини, односно реклами на виетнамски за хотлајн.

„ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, пишува во нивната објава.

На почетокот на годинава, Република Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ, кое ќе трае во текот на целата 2023 година.

Организацијата за безбедност и соработка на Европа е најголемата светска регионална безбедносна организација, во која има 57 земји членки, меѓу кои и Русија и Украина.