Свет „Фејсбук“ падна, корисниците бесни

„Фејсбук“ падна, корисниците бесни

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ од доцна попладнево подолго време не беше достапна.

Одвреме-навреме корисниците можат со тешкотии да се најават, но мрежата не е стабилна, што предизвикува лавина бесни и саркастични објави во целиот свет.

Ова, според коментарите на интернет, укажува дека паѓаат и се активираат некои од серверите, но и дека најверојатно станува збор за вирус или системски проблем.

Од компанијата се извинуваат за непријатностите и велат дека работат да го надминат проблемот.

За компанија од тој вид секоја минута носи огромни загуби.

Последен пат „Фејсбук“ падна за кусо времe на 24 септември.