Свет „Фејсбук“ хакиран од група блиска на ИД

„Фејсбук“ хакиран од група блиска на ИД

Одговорност за уривањето на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Истаграм“ презеде хакерската група Лизард сквод. Корисниците на овие мрежи утринава не можеа да пристапат повеќе од 40 минути.

Според странските медиуми, хакерите од групата Лизард сквод, кои се поврзани со терористичката група Исламска држава, вчера извршија кибер-напад и врз веб-страницата на малезиската авиокомпанја „Малејжа ерлајнс“.