Технологија Гаџети „Фејсбук“ автоматски ќе ги подобрува вашите фотографии

„Фејсбук“ автоматски ќе ги подобрува вашите фотографии

Социјалната мрежа „Фејсбук“ додаде алатка што автоматски ќе ги подобрува вашите фотографии. Оваа функција засега е достапна само за уредите со оперативен систем „иос“, но подоцна ќе стигне и на уредите со оперативен систем „андроид“.

Новата фото-функција на „Фејсбук“ потсетува на функцијата „аутоосом“ што ја има „Гугл фотос“.

Секако, треба да се истакне дека корисниците што сакаат сами да ги прилагодуваат своите фотографии и понатаму ќе бидат во можност да пристапат до алатките за адаптирање и самите да ги прилагодат светлото, сенките, јасноста и слично.