Забава Фарел Вилијамс и Робин Тик треба да платат отштета од 7,4 милиони...

Фарел Вилијамс и Робин Тик треба да платат отштета од 7,4 милиони долари

Фарел Вилијамс и Робин Тик треба да им платат отштета од 7,4 милиони долари на децата на Марвин Геј, откако е утврдено дека тие ја копирале музиката  на песната „Got to give it up“  за потребите на нивниот најголем хит од 2013 година „Blurred lines“.

„Иако ја почитуваме одлуката на судот, исклучително сме разочарани и веруваме дека се работи за преседан што истовремено ќе донесе штета и на музиката и на креативноста. Песната е создадена од срце и не е преземена од никого. Размислуваме за одлуката и за тоа кои ни се опциите и наскоро повторно ќе се огласиме на оваа тема“, пишува во заедничката изјава на музичарите.