Свет Европа Факултет во Москва евакуиран поради дојава за бомба

Факултет во Москва евакуиран поради дојава за бомба

Московската полиција утринава евакуираше околу 1.000 луѓе од Рускиот универзитет за нафта и гас, поради дојава за поставена бомба.

Како што јавуваат руските медиуми, непознато лице се јавило во полицијата и пријавило дека на Факултетот за нафта на југозападот на Москва е поставена бомба.

На местото веднаш пристигнала специјалната полиција, која евакуирала 1.000 лица, а со помош на полициско куче, се пребаруваат просториите на факултетот.