Македонија Евзони се уште затворен, а Дојран отворен само за патнички возила

Евзони се уште затворен, а Дојран отворен само за патнички возила

Граничниот премин Евзони се уште е затворен поради штрајкот на грчките земјоделци. Од Автомотосојузот на Македонија соопштуваат дека преминот Меџитлија (Битола) e отворен за сообраќај за секаков вид возила, додека Дојран е отворен само за патнички возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола.