Свет Европа Европските лидери в недела ќе маршираат во Париз

Европските лидери в недела ќе маршираат во Париз

Републикански марш е закажан за недела во Париз, за поддршка на слободата на изразувањето и против терористичките акти кои деновиве ја шокираа Франција.

Официјално присуство најавија повеќе европски државници, како шпанскиот премиер Мариано Рахој, италијанскиот премиер Матео Рензи и британскиот премиер Дејвид Камерон.