Свет Балкан Европската Унија не ни е неопходна, имаме „план Б и Ц“, вели...

Европската Унија не ни е неопходна, имаме „план Б и Ц“, вели Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека за Анкара ќе биде утешно ако Европската Унија отворено каже дека нема да прифати Турција да стане членка.

Тој во интервју за „Би-би-си“ рече дека Турција е способна да стои на своите нозе и оти ЕУ не е незаменлива, односно дека во случај да бидат одбиени, имаат „план Б и Ц“.

– Европската Унија не ни е неопходна… Ние сме опуштени – рече Ердоган.

Тој, исто така, ги отфрли наводите за апсење 150 новинари, наведувајќи дека во притвор во Турција се наоѓаат само две лица со новинарски легитимации.

Неговиот одговор доаѓа во момент кога турските власти го продолжија притворот на локалниот директор на организацијата за човекови права „Амнести интернешнел“ и на уште девет лица, што предизвика критики од меѓународната заедница.

Уапсените се осомничени за членство во вооружена терористичка организација, но не е јасно за која организација станува збор.