Свет Европа Европската унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европската унија ги продолжи санкциите кон Русија за шест месеци

Европската унија денеска официјално ги продолжи за шест месеци економските санкции за Русија, воведени поради улогата на официјална Москва во украинската криза, соопштија на веб-страницата на Советот на ЕУ.

Санкциите, како што потсетуваат, првично се воведени на 31 јули во 2014 година за период од една година.

„Имајќи предвид дека договорите од Минск не се во целост применети до 31 декември годинава, санкциите продолжуваат. Истовремено, Советот продолжува во својата процена за напредок на имплементацијата“, се вели во соопштението.

Со денешната одлука, санкциите против Русија во секторот енергетика, банкарство и одбрана ќе бидат на сила до крајот на јули 2016 година.