Македонија Европската комисија е многу загрижена поради заканите кон Јовановски

Европската комисија е многу загрижена поради заканите кон Јовановски

По Советот на Европа, ОБСЕ и Европската федерација на новинари, вечерва се огласи и Европската комисија со остра осуда за заканите кон новинарот Борјан Јовановски.

– Европската комисија е многу загрижена за последните закани против новинар во поранешната југословенска Република Македонија. Слободни и живи медиуми се основа на демократско општество. Комисијата ги повикува релевантните институции веднаш да го истражат ова и да ги изнесат виновниците пред лицето на правдата. Европската комисија повеќепати ја изразила својата загриженост за медиумската состојба во земјата и повикала сите засегнати итно да се здружат за да го сменат трендот на влошување на медиумските слободи – рече Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕК.