Свет Балкан Европската федерација на пензионери го укори Вучиќ

Европската федерација на пензионери го укори Вучиќ

Писмо со неверување поради намалувањето на пензиите денеска му испрати генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите на пензионери и возрасни лица (ФЕРПА), Бруно Константи, на српскиот премиер Александар Вучиќ.

Тој во писмото наведува дека е зачуден од тоа што владата на Србиа предложила усвојување на закон со кој пензиите поголеми од 200 евра селективно ќе се намалуваат, со што на еден дел од пензионерската популација им се одземаат правата што ги стекнале со работа, а, од друга страна, се уништува пензискиот систем.