Свет Европа Европол: Во ЕУ е разбиен синџир за трговија со луѓе

Европол: Во ЕУ е разбиен синџир за трговија со луѓе

Ервопол ја поддржал акцијата за сузбивање организирани криминални групи, кои се занимаваат со трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Операцијата е спроведена во повеќе европски земји.

Во рамки на операцијата се приведени и уапсени 107 осомничени за трговија со луѓе и илегална миграција, а идентификувани се 910 потенцијални жртви.

Во 22 земји членки на ЕУ, во периодот од 26 јуни до 2 јули, спроведени се полициски акции за сузбивање на трговијата со луѓе и за спречување илегални миграција.

Преку полициска соработка, координирано преку Европол, а предводено од Австрија, проверени се 126.927 лица и 6.363 возила, а претресени се 4.245 локации.

Особено внимание е посветено на интернетот, преку кој се врбувале и се нуделе жртви за сексуална експлоатација, се наведува во соопштението.

Информациите собрани преку оваа операција довела до поведување на 25 нови истраги во Европа.

Апсењето и идентификувањето на жртвите во акцијата покажеле дека најактивни во Европа се мрежите за трговија со луѓе од Нигерија, Јужна Америка и од Источна Европа.