Економија ЕВН ќе ги ажурира личните податоци на корисниците

ЕВН ќе ги ажурира личните податоци на корисниците

Струјата е исклучена поради неплатени долгови

Со сметките за електрична енергија од „ЕВН Македонија“, граѓаните ќе добиваат и образец за ажурирање на нивните податоци, а кој ќе се пополнува на доброволна основа.

Пополнувањето на обрасците е дел од кампањата што ја почнаа денеска Дирекцијата за заштита на личните податоци и „ЕВН Македонија“, за ажурирање на личните податоци на корисниците на енергетската компанија. Целта е подобрување на услугата и спречување злоупотреби и проблеми поради неточни податоци.

За обработката на личните податоци собрани преку кампањата ќе гарантира Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Во тек на кампањата ќе бидат поставени и промотивни постери во подрачните одделенија на ЕВН. Официјалната маскота за кампањата и следните активности на Дирекцијата е наречена „Приватко“.