Здравје Евидентирани нови 504 ковид-случаи, позитивни се 36,3 отсто од тестираните

Евидентирани нови 504 ковид-случаи, позитивни се 36,3 отсто од тестираните

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.385 тестови, а регистрирани се нови 504 случаи на ковид-19. Според овие бројки излегува дека 36,3 отсто од оние кои се тестирале, се позитивни.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 133 реинфекции. Регистриран e и 321 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Свети Николе (75г) и Куманово (72г), починати во домашни услови, пријавени за починати на 16 јуни и на 30 јуни.

Досега во земјата се направени вкупно 2.096.095 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, бројот на оздравени пациенти е 306.309, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.490.