Здравје Евидентирани нови 105 ковид случаи, нема починати

Евидентирани нови 105 ковид случаи, нема починати

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на ковид. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 22 реинфекции.

„Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања“, информираат оттаму.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.