Свет Евакуирани 6.462 лица во Алепо

Евакуирани 6.462 лица во Алепо

Во изминатото деноноќие од Алепо се евакуирани 6.462 лица, меѓу кои и повеќе од три илјади бунтовници и 300 ранети, соопштија руските власти.

Автобусите кои евакуираат лица се придружувани од офицери на рускиот Центар за примирје и од соработници на Црвениот крст. Возилата се движат кон реонот Ал Рашидин, во западниот делови од градот од каде се префрлаат кон градот Идлиб.

Светските медиуми јавуваат дека на маршрутата се поставени и контролни пунктови, а за да се избегнат провокации, рускиот Центар ги следи операциите со дронови на кои има камери.