Свет Европа Евакуирана метро станица во Лондон поради дефект на воз

Евакуирана метро станица во Лондон поради дефект на воз

Британската полиција соопшти дека ја евакуирала подземната железничка станица Холборн во Лондон поради чад на платформата, предизвикан од дефект на еден од возовите.

Противпожарната служба и полицијата претходно соопштија дека нивните припадници се упатени на лице место по пријавата за пожар и чад, кој избил во еден од вагоните на возот.

– Работиме на повторно отворање на подземната станица Хелборн, откако дефектниот воз предизвика евакуација – соопшти полицијата.