Свет Европа Евакуиран терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“

Евакуиран терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“

Јужниот терминал на лондонскиот аеродром „Гетвик“ денеска е евакуиран откако се огласил противпожарниот аларм, јавија британските медиуми.

Управата на „Гетвик“ на социјалната мрежа „Твитер“ им се извини на патниците поради ситуацијата и вети дека проблемот наскоро ќе биде решен.

Во сличен инцидент, минатата недела беше евакуиран северниот терминал на „Гетвик“ откако полицијата приведе еден маж поради неговото „сомнително однесување“, затоа што на аеродромот ја оставил својата торба.