Македонија Евакуиран шкотскиот парламент поради сомнителен пакет

Евакуиран шкотскиот парламент поради сомнителен пакет

Дел од шкотскиот парламент денеска е евакуиран откако во зградата е пронајден сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми.

Како што соопшти портпаролот на шкотскиот парламент, пакетот е пронајден на кат каде што се наоѓаат канцелариите на Ториевците.

Истражувачот на „Би-би-си“ на својот профил на „Твитер“ напиша дека во пакетот имало бел прав и дека бил испратен до еден од пратениците.