Свет Европа Евакуиран аеродромот во Тулуз

Евакуиран аеродромот во Тулуз

Аеродромот во Тулуз, во Јужна Франција е евакуиран од безбедносни причини. Дури и патниците во авионот мораа да излезат.

Аеродромот е затворен утринава во 6.45 часот по локално време. Контролата на аеродромот ја презела полицијата и војската.

– Безбедносните компании што работат за владата пристигнаа да ги осигураат премините околу аеродромот. Работат на проверка на идентитетот и пребарување на возила – рече Фредериц Розе од „Хауте Гароне“, компанија која работи за владата.

Иако точната причина не е објавена, француските медиуми велат дека би можело да станува збор за сомнителна торба.

Франција го подигна нивото на безбедност по нападите во Брисел, а ангажираше и дополнителни 1.600 полицајци што се распоредени на прометните транспортни делови, како што се аеродромите. На граѓаните што имаат билет или важечка лична карта, исто така, им е забрането движењето на јавните места на аеродромите и на железничката пруга.

По настаните во Брисел, железничката станица Гаре ду Норд во Париз била двапати евакуирана поради сомнителен пакет, но утврдено е дека станува збор за лажна тревога.