Свет Европа ЕУ за Заев: Македонските институции да ги почитуваат правните стандарди

ЕУ за Заев: Македонските институции да ги почитуваат правните стандарди

Службата за надворешни работи на ЕУ реагираше вечерва на кривичните пријави против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и поранешниот прв разузнавач, Зоран Верушевски и неговата сопруга.

“Ова се многу сериозни обвинувања и потсетуваме на неотуѓивото право на независна и транспарентна истрага во случај на наводни малверзации, со целосно почитување на правата на одбраната, во согласност со законот и со меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност. ЕУ, исто така, ја повторува својата загриженост за влошувањето на политичкиот дијалог во земјата. Политичките партии треба да се воздржат од акции кои дополнително би ја влошиле ситуацијата,“ се вели во соопштението на ЕУ.
Т.М.