Свет Европа ЕУ: Следните 10 дена се критични за бегалците

ЕУ: Следните 10 дена се критични за бегалците

Во рок од десет дена мора да се постигнат конкретни и јасни резултати на терен за решавање на бегалската криза во Европа, затоа што во спротивно се заканува целиот систем да се распадне, изјави денеска еврокомесарот за миграција Димитрис Авармопулос на крајот на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Тој истакна дека на денешниот состанок на министрите на ЕУ, на кој присуствуваа и турскиот министер Сабахудин Езтурк и високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, е договорено да се применат мерките за забрзување на акцискиот план ЕУ – Турција за запирање на приливот на илегални мигранти и за разбивање на мрежата на организиран криминал за криумчарење мигранти од Турција во Европа.

Следниот важен чекор за тоа ќе биде средбата на врвот ЕУ – Турција, закажан за 7 март во Брисел, додаде Аврамопулос и предочи дека особено е важно НАТО да се вклучи во операциите за уништување на мрежите на криумчари.