Економија ЕУ: Русија и Украина да склучат договор за гасот

ЕУ: Русија и Украина да склучат договор за гасот

Предлогот е Киев да му плати 3,1 милијарда долари стар долг на рускиот гигант „Газпром

ЕУ ги повика денеска Украина и Русија да постигнат договор за решавање на спорот за гасот меѓу двете земји.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ги повика сите инволвирани страни да ги завршат преговорите за Украина да може да добие достава на гас, што ќе биде сигурна и врз основа на пазарни цени, се наведува во соопштението на ЕК.

Предлогот за наоѓање решение, предвидува Киев да му плати 3,1 милијарда американски долари стар долг на рускиот гигант „Газпром“, од кои 2 милијарди до крајот на октомври.

Во замена, „Газпром“ се ангажира да ја обнови доставата на гас за Украина, со минимален капацитет од пет милијарди кубни метри со цена до 385 американски долари за 1.000 кубни метри.

На средбата во Брисел, не беше постигнат договор. Се очекува преговорите меѓу Украина и Русија, со посредство на ЕУ, да продолжат вечерва.