Свет Европа ЕУ првпат ќе го активира член 42.7 за реакција на агресија

ЕУ првпат ќе го активира член 42.7 за реакција на агресија

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан, побара официјална помош од членките на Европска унија поради вооружената агресија што ѝ се случи на земјата.

Тоа е првпат такво нешто да се случи од потпишувањето на Лисабонскиот договор, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

– Во Брисел повикавме на член 42.7 – објави Ле Дријан на „Твитер“.

Станува збор за активација на членот 42.7, во кој се наведува дека сите земји-членки на ЕУ имаат обврска да „пружат помош и да асистираат на сите распложливи начини“ во случај некоја земја-членка да е жртва на вооружена агресија на своја територија.

Како што пренесува „Гардијан“, Ле Дријан навел дека партнерите треба да помогнат или со учество во операциите против Исламска држава во Сирија и во Ирак или со поддршка на други места, за да може да се растовари војската на Франција.

Според некои шпекулации, Франција се повикала и на член 5 од Договорот за НАТО, во кој се гарантира воена помош на секој сојузник кој е нападнат.

НАТО го активираше член 5 само еднаш, по нападите на кулите-близначки во Њујорк на 11 септември.