Свет Европа ЕУ подготвува замена за Фронтекс

ЕУ подготвува замена за Фронтекс

Советот на Европската Унија денеска го одобри предлогот на Европската комисија за создавање нова гранична служба, која ќе биде замена за Фронтекс.

Сепак, одлуката на Советот треба да биде изгласана во Европскиот парламент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ, пред да стапи на сила.

Во согласност со предлогот, новата служба, која ќе биде составена од 1.500 гранични службеници, ќе може да спроведува операции за потрага по мигранти што нелегално влегле во Европска Унија.