Свет Европа ЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија до март 2017 година

ЕУ официјално ги продолжи санкциите против Русија до март 2017 година

Европска Унија официјално ги продолжи санкциите против Русија до 2017 година.

Тие се воведени поради окупацијата и илегалната анексија на украинскиот полуостров Крим и поради поддржување на проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Санкциите се однесуваат на финансискиот и на енергетскиот сектор на Русија, а стапија на сила во јули 2014 година и оттогаш се продолжуваат на секои шест месеци.

Одлуката била донесена минатата недела и нема измени во режимот на санкции во однос на досегашната состојба. Одлуката утре ќе биде објавена во Службен весник на ЕУ.