Свет Европа ЕУ ја подигна проекцијата за економскиот раст на еврозоната на највисоко ниво

ЕУ ја подигна проекцијата за економскиот раст на еврозоната на највисоко ниво

Европската Унија денеска ја зголеми проекцијата за економскиот раст на еврозоната за 2017 година на највисоко ниво во последните 10 години.

Европската комисија соопшти дека очекува економскиот раст годинава да биде 2,2 отсто, што е највисок од 2007 година, Претходната проценка беше на 1,7 отсто.

Европската комисија исто така го подигна растот за следната година на 2,1 отсто од претходните 1,8 отсто.

Зголемувањето е производ на позитивните економските вести од еврозоната, каде се намалува грижата за бранот популистички политичари и иднината на Грција во еврозоната.