Свет Европа ЕУ ги проширува санкциите кон Русија

ЕУ ги проширува санкциите кон Русија

Европска Унија ќе ги прошири санкциите кон Русија поради нејзината вмешаност во судирите на истокот на Украина. На листата ќе се најдат уште 19 лица и девет субјекти, соопштија денеска извори од Брисел.

Меѓу 16 лица, кои ќе бидат погодени со санкциите, се наоѓаат и пет Руси, прецизираат изворите.

Проширувањето на листата е одлучено на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ, а би требало да биде усвоено на состанокот на шефовите на дипломатија, закажан за следниот понеделник.