Свет Европа ЕУ без нови санкции кон Русија

ЕУ без нови санкции кон Русија

Лидерите на Европската унија на претстојниот самит во Брисел нема да разгледуваат нови санкции за Русија, соопшти шефот на летонската дипломатија, Едгарс Ринкевичс, чија земја претседава со ЕУ.

Ринкевичс по дводневното заседавање на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел наведе дека се спроведуваат првите елементи од договорот од Минск и оти нема потреба од нови санкции.

Претходно воведените санкции опфаќаат 150 лица и 37 правни субјекти, кои ќе останат на црната листа на ЕУ до септември, во согласност со неодамнешната одлука на Европскиот совет.

Договорот од Минск предвидува двете страни да го прекинат огнот и да ја повлечат тешката артилерија подалеку од линијата на фронтот, што засега претежно се почитува.