Свет Европа ЕУ бара соработка со арапските земји во борбата против тероризмот

ЕУ бара соработка со арапските земји во борбата против тероризмот

Европска Унија денеска повика на антитерористички сојуз со арапските земји за да се зајакне соработката и размената на информации по терористичките напади во Франција и апсењето на осомничените терористи низ Европа.

– Потребна ни е алијанса. Потребно е да ја зајакнеме меѓусебната соработка – рече шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
Могерини денеска се сретна со генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал-Араби.

Таа, исто така, присуствувала и на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, кои се подготвуваат за февруарскиот самит на европските лидери, на кој ќе разговараат за тероризмот.

Белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, рекол дека полициската акција во неговата земја, со која минатата недела е разбиена една терористичка ќелија, покажала дека размената на информации е клучна за успехот на некои операции.