Проверка на факти „Етнос“ на ВМРО-ДПМНЕ му импутираше неискажани намери

„Етнос“ на ВМРО-ДПМНЕ му импутираше неискажани намери

Во текст објавен на веб-страницата на грчкиот весник „Етнос“, под насловот „Шесте ,пораки’ на Атина за Скопје по ,не’-то на Европјаните“, на читателите им е пласирана невистинита информација за тоа какви се намерите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што би правеле со Преспанскиот договор ако партијата дојде на власт.

Во текстот се тврди дека највисоките партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ кажувале или имплицирале неколку различни работи за Преспанскиот договор, дека ќе го почитуват, но и дека кога нивната партија ќе дојде на власт, тие еднострано би го раскинале Преспанскиот договор како „неуставен“ и „штетен“, преку повторна промена на Уставот во Собранието.

Зза последното тврдење за уставни измени ВМРО-ДПМНЕ повеќе од една година немало таква порака од висок партиски функционер. Иако можеби тоа го кажувале партиски членови, речиси сигурно е дека такви зборови не излегле офоцијално или од врвот на партијата, со што и пишувањето на „Етнос“ е  многу далеку од вистината.